Вчеравечер, во 23 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ја лишиле од слобода 54-годишната М. К. од Скопје затоа што при извршен претрес со судска наредба во нејзиниот дом, на подрачјето на Карпош, биле пронајдени и одземени кафеава прашеста материја и дигитална вага, извести МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.