Славната актерка направи 20-годишна пауза за да им се посвети на децата

Славната актерка Џулија Робертс е мајка на три деца и добро знае колку родителството умее да биде тешка работа. За да им се посвети на децата, таа направи 20-годишна пауза од глумата.

Робертс со сопругот Даниел Модер се запозна на снимањето на филм на кој работеа заедно. Брачната двојка не крие дека денес се исто вљубени како и првиот ден. Од бракот им се родија три деца.

Воопшто не е тајна дека Џулија е прилично строга мајка.

„Се обидувам децата да ги чувам подалеку од социјалните мрежи бидејќи не разбирам на кој начин тие би им биле корисни“, изјави во една прилика и додаде дека на децата им го ограничува и времето за гледање телевизија.

„Горда сум што сум дома со моето семејство“, одговори актерката кога новинарите ја прашаа дали ѝ недостига глумата.

Како што пишува Fox News, Робертс е строга мајка, но лесно не ги губи нервите. Смета дека е важно децата да си ги знаат границите.

„Ако направат нешто лошо, не ги казнувам. Повеќе сакам да разговарам со нив. Мислам дека моето сериозно лице кажува сѐ“, објасни таа.

Децата ги чува подалеку од очите на јавноста, затоа семејството се пресели од Лос Анџелес во Сан Франциско, каде можат да бидат поопуштени.

„Животот што го изградив со сопругот и нашите деца е најдобрата работа што ми се случи во животот. Поентата е на крајот од денот да си дојдеш дома и со нив да го прославиш постигнатото“, изјави таа во интервју за CBS Sunday Morning.

Робертс води мирен, нормален семеен живот како воопшто да не е една од најславните холивудски актерки. Ужива во домашните обврски, им помага на децата во училишните задачи, ги учи децата дека е важно сите да учествуваат во домашните обврски бидејќи, според неа, тоа се важни животни вештини.

реклама

Филм & ТВ

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more
 

Сцена

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе