Следната недела „пеколен“ топлотен бран во Европа

Брисел, 21 јуни 2019 (МИА) – Според предвидувањата на метеоролошките експерти вклучени во следење на промените во атмосферата, во наредниот период одредени градови во Европа буквално ќе вријат од топлина.

Предвидените температури, според експертите, ќе бидат за 12-16 степени над просечните за овој период во јуни. Како што е наведено, температурата ќе го достигне својот дневен максимум во попладневните часови.

Топлотниот бран од северозападна Африка ќе се движи преку Шпанија и Португалија и ќе зафати голем дел од западна и централна Европа. Тој ќе донесе температури повисоки за десет степени од просечните, поради што во многу делови на Франција и Германија ќе биде над 35 степени Целзиусови, а понекогаш дури и 40. Зголемувањето на температурата ќе го почувствуваат и жителите на Корзика, како и оние во јужниот и западниот дел на Италија

На удар на силен топлотен бран ќе бидат Шпанија, Португалија, Германија, Франција и земјите од Бенелукс.

Во Грција, Црна Гора, Турција и Хрватска, температурите ќе бидат просечни за овој период од годината.

Почнувајќи од понеделник, во текот на следната недела, до викендот, топлотниот бран што доаѓа од северозападна Африка, ќе погоди повеќе западно- европски метрополи, а максималната температура ќе биде околу 40 степени Целзиусови. 

реклама

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе