Случајот против Вајнстин се претвора во циркус - „подмачкани“ сведоци и вистински докази

Њујоршкото обвинителство не сака да го отфрли предметот против холивудскиот продуцент Харви Вајнстин, иако еден од случаите во обвинението за сексуален напад против него неодамна беше отфрлен поради „советување на сведок“.

Против Вајнстин првично беше покренато обвинение за сексуално злоставување на три жени, но еден од петте случаи беше отфрлен откако обвинителите дојдоа до заклучок дека еден од детективите ја посоветувал жената да исклучи секакво сомнение во врска со тоа дали на средбата со Вајнстин и двајцата дале согласност, објави Associated Press.

Адвокатите на Вајнстин сметаат дека целиот предмет против него е „подмачкан“ со погрешни постапки на полицијата и дека целосно треба да биде отфрлен.

Кој од случаите „извиси“?

Обвинителството во Менхетн вчера соопшти дека случајот против Вајнстин е уште солиден и дека неговите адвокати се ободуваат да направат „јавен циркус“ со барања за сослушувања за да се отфрлат сите обвиненија.

Адвокатот на одбраната Бен Брафман побара од судијата да го отфрли обвинението против посрамениот холивудски могул по срамното признание од Обвинителството што доведе до отфрлање на обвинението од поранешната актерка Луција Еванс.

Адвокатите на одбраната велат дека обвиненијата против Вајнстин – од кои едното од асистентката на продукција Мими Хали и една анонимна жртва – исто така се компромитирани со погрешните постапки во водењето на случајот на Еванс.

Меѓутоа Кевин Вилсон од Обвинителството вчера соопшти дека: „Единствената причина зошто обвинетиот бара сослушувања е за да направи ‘јавен циркус’ што ќе оди во прилог на ПР кампањата што обвинетиот ја води од почетокот на предметот.“

Обвинителството вели дека недоследноста во приказната на Еванс и обвиненијата дека поранешниот главен детектив на случајот Николас Дигаудио „советувал сведок да задржи информации“ не го компромитира остатокот од предметот.

„Останатите обвиненија се поддржани со компетентни и доволни докази“, рече Вилсон.

Откако беше поднесено обвинението, Обвинителството дозна дека Еванс, која го обвини Вајнстин дека ја принудил на орален секс во 2004 година, наводно ѝ рекла на пријателка дека таа се согласила на тоа за да ѝ договори актерски ангажман.

Обвинителството ѝ рече на одбраната дека пријателката рекла дека таа го пријавила тоа кај Дигаудио, но тој ѝ вршел притисок да не излегува јавно со обвинението.

Дигаудио рече дека ѝ кажал на обвинителката Џоен Илуци-Орбон за изјавата на пријателката пред сведок, но таа го негира тоа.

Ова само ја нагласи нарушената врска меѓу Њујоршката полиција и Јавното обвинителство во врска со случајот што почна да се распаѓа.

Во октомври, обинителите се согласија да биде отфрлено обвинението на Еванс што се сметаше за најсилниот дел од предметот. Се очекува судијата Џејмс Бурк да донесе одлука за целосно отфрлање на обвинението против Вајнстин во наредните неколку месеци.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе