Со донација на повеќе од 300 илјади денари dm drogerie markt го одбележа Меѓународниот ден на децата!

Компанијата dm drogerie markt која гордо го носи епитетот на една од општествено најодговорните компании, оваа година го одбележува Меѓународниот ден на децата со донација на 15 бебешки креветчиња во вредност од повеќе од 300.000 денари во ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар. На денот на отворањето на реновираното детско одделение, со оваа донација компанијата учествуваше во обезбедување на сите потребни креветчиња, а целта е да овозможи посоодветни услови на најмалите членови на општеството во нивниот ран развој.

„Иако секој ден им го посветуваме на децата, Меѓународниот ден на децата е одличен повод да се присетиме на тоа дека секое дете го заслужува најдоброто. Особено сме среќни за оваа донација, која ни покажува дека сме на вистинскиот пат да создадеме што подобри услови за нашите најмалечки. Сакаме да веруваме дека на овој начин сме значаен дел од еден период во животот на децата и придонесуваме да израснат во среќни, задоволни луѓе подготвени да градат светла и убава иднина за сите нас. Нашата цел е да продолжиме да ги слушаме потребите на заедницата со желба да даваме придонес преку различни проекти и значајни донации“, изјавија од компанијата.

dm drogerie markt е етаблиран како пријател на македонските здравствени институции, а за тоа говорат постојаните вложувања во здравствениот сектор изминатите години. Во изминатата деловна година, компанијата донираше повеќе од 5,3 милиони денари во општествено-одговорни цели. Со истата посветеност продолжуваат и понатаму да вложуваат во заедницата во која делуваат.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Промо

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Read more

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more
 

Ново

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Стинг и Coldplay бараат ослободување на иранскиот рапер осуден на смрт

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе