33. ЕВРОПСКИ ФИЛМСКИ НАГРАДИ

Солзи од тага и среќа на доделувањето на европските Оскари

Данскиот филм „ Another Round“ триумфираше синоќа на онлајн доделувањето на 33. Европски филмски награди во Берлин, освојувајќи четири главни награди – за најдобар европски филм, за најдобар актер – Мадс Микелсен, за најдобро сценарио и режија – Томас Винтерберг.

Наградите на Европската филмска академија (ЕФА) беа доделени во категориите: Иновативно раскажување, Најдобар европски документарен филм, Откритие на годината, Најдобра европска актерка, Актер, Сценарист, режисер и – Најдобар европски филм.

Домаќини на вечерта беа Вим Вендерс, Агњешка Холанд, Мајк Дауни и Марион Доринг, додека свечената церемонија од музејот Футуриум во Берлин ја водеше актерот и водител Стивен Гатјен.

„Многу сум трогнат од оваа награда за најдобар филм, и благодарам на ЕФА Академијата, јас сум исклучително горд, бидејќи ова е навистина силна конкуренција од моите колеги, а пред сè да им се заблагодарам на целиот мој тим, особено на мојот актер Мадс Микелсен“, рече режисерот Винтерберг, по што тој одеднаш ги растажи сите, кога приказната доби сосема поинаков тек.

URL

„Ќерка ми почина додека го правевме овој филм“, рече тој, и завладеа молк меѓу луѓето во студиото, како и меѓу сите кандидати кои ја следеа церемонијата преку своите компјутери.

„Го снимивме филмот во нејзиното училиште, таа беше дел од овој проект, беше особено сакана од главниот актер Микелсен, но судбината сакаше таа повеќе да не биде со нас“, продолжи режисерот, додека Микелсен почна да плаче.

„Единствено што вреди на крајот е да го посветам овој филм целосно на ќерка ми“, истакна режисерот.

„Исклучителен филм за радоста, страдањата, славата, животот и многу алкохол“, накратко го опиша филмот „ Another Round“ одличниот режисер Вим Вендерс, автор на многу ремек-дела како што е „Paris, Texas“ (1984).

URL

Режисерот Винтерберг го напиша сценариото со неговиот редовен соработник – режисерот и писател Тобијас Линдхолм, исто така присутен од неговиот дом на оваа онлајн церемонија на доделување на наградите, и искрено му се заблагодари на продуцентот Каспер Дисинг.

Победничкиот филм беше во копродукција на Данска, Холандија и Шведска, а ко-писателот Линдхолм им се заблагодари на монтажерите кои „го направија овој филм за пијанствата – многу трезвен“.

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски беше во селекцијата за најдобар филм. Ова е втор пат филм на Манчевски што влегол во селекцијата за т.н. европски Оскар - во 2011 година селектиран беше и неговиот „Мајки“.

Најдобра европска актерка е Паула Бир за нејзината комплексна улога во психолошката драма „Undine“.

URL

„Извинете што сум толку возбудена, но знаете, штотуку дознав од вас дека сум наградена за најдобра актерка“, шармантно рече Бир, седејќи пред огромен постер за нејзиниот победнички филм „Undine“.

„ Collective“ на Александар Нанау (Романија, Луксембург) беше прогласен за најдобар европски долгометражен документарен филм.

URL

Наградата „Европско откритие“ од страна на жирито на странски новинари и филмски критичари FIPRESCI ја доби филмот „Sole“ на италијанскиот режисер Карло Сирони, додека нововоспоставената награда за „Иновативно раскажување приказни на филм“ му припадна на Марк Кусинс за документарниот филм „Women Make Film: A New Road Movie Through Cinema (2018)).

Европската филмска академија и ЕФА Продакшнс од Берлин, заедно со Европскиот филмски фестивал од Севилја, ги организираа 33. Европски филмски награди, што се одржуваат секоја втора година, и сега, по првпат во својата историја, беше виртуелен поради пандемија.

Европската филмска академија е основана во 1988 година и денес се состои од повеќе од 3.800 европски филмски професионалци со заедничка цел да ја промовираат европската филмска култура.

Следните награди на Европската филмска академија ќе се одржат во Рејкјавик, Исланд, во 2022 година, што всушност беше планирано да биде домаќин во живо оваа година, но сè мораше да се одложи поради пандемијата на COVID-19.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Филм & ТВ

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more
 

Сцена

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе