Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен западен ветер, особено во западните делови и на повисоките места и планините.
Утринските температури ќе се движат од 9 до 15 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 22 до 34 степени.
Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 14 и дневна до 32 степени.
Во недела попладне услови за краткотраен дожд ќе има само во планинските подрачја. Во почетокот на наредната работна седмица се очекува зголемување на облачноста, а времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Најврнежливо се очекува да биде во вторник кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во среда и засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура.