Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен западен ветер.
Утринските температури ќе се движат од -4 до 1 степен, додека дневните ќе бидат во интервал од 13 до 17 степени.
Во Скопје и околината слично време, со утринска температура околу -3 и дневна до 15 степени.
До крајот на работната седмица ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а потоа под влијание на топла воздушна маса ќе бидат во пораст, а исто така и дневните.
Извесна промена на времето се очекува за време на престојниот викенд со повремени локални врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура, особено во сабота.