Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од девет до 18 степени Целзиусови, а дневната температура ќе се движи од 23 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Утринската температура ќе достигне до 15 степени Целзиусови, а дневната температура до 31 степен.
Потоа ќе преовладува стабилно и топло време со пораст на дневната температура.