Соништата се остваруваат! Бидете дел од УЕФА Супер купот Скопје 2017 заедно со вашето дете

Се наближува најголемиот фудбалски спектакл ова лето – 42-то издание на УЕФА Супер купот Скопје 2017, кое ќе се одржи на 8 август на Арената Филип II во Скопје. Преку промотивната кампања што се спроведува на „Кајгана“, а за која Mastercard, како еден од официјалните спонзори на УЕФА Супер купот Скопје 2017, ги обезбедува билетите, им  овозможуваат на македонските страсни фанови, на најважната споредна работа во светот – фудбалот, единствена можност за остварување на нивните соништа и соништата на нивните деца – да бидат дел од еден од најголемите фудбалски настани во светот, каде што оваа година е домаќин Македонија.

Патот до седиште на фудбалски стадион за спектакл од ваков вид речиси и никогаш не бил поедноставен. Она што е особено значајно, покрај можноста да бидете само на неколку метри оддалеченост од своите фудбалски идоли што толку ги обожавате, е тоа што можете да му овозможите на вашето дете да создаде неповторливо искуство за трајно сеќавање – да биде на само неколку сантиметри од еден од фудбалерите на ФК Манчестер Јунајтед или ФК Реал Мадрид, држејќи ја неговата рака. Да, добро прочитавте!

Под слоганот „Најлудиот фудбалски момент со вашето дете“, објавена е промотивна кампања – на специјално дизајнирана страница на „Кајгана“, достапна овде, каде што сите заинтересирани пасионирани фудбалски фанови можат да го споделат својот заеднички момент на фудбалско лудило со своето дете, овековечен на фотографија, и да станат потенцијални добитници на бесценето искуство на Арената Филип II во Скопје.

Во наредниот период до 21 јули, прикачете фотографија на специјално отворената страница за оваа намена овде, на која вие и вашето дете покажувате колку сте подготвени да одите далеку за фудбалот и собирајте споделување. Не заборавајте внимателно да ги прочитате и правилата за учество во наградната игра, како и податокот дека за да може да учествува вашето дете треба да биде на возраст од 7 до 9 години и да има висина помеѓу 1,05 м и 1,35 м. Сопствениците на 6 фотографии со најмногу споделувања во периодот на промотивната кампања, заедно со сопствениците на 5 фотографии што ќе бидат избрани од страна на жири и што се во согласност со правилата за учество достапни овде, ќе бидат дел од УЕФА Супер купот Скопје 2017. Билетите се обезбедени од страна на Mastercard, официјален спонзор на УЕФА Супер купот Скопје 2017.

Oна што треба да го направите за да станете потенцијални добитници на ова бесценето искуство нема воопшто да ви претставува тешкотија, туку напротив, ќе ја покаже вашата креативност и вашата страст за фудбалот и ќе ви ја обезбеди  можноста да станете еден од 11-те победнички парови што ќе бидат дел од УЕФА Супер купот Скопје 2017.

Право на учество во промотивната кампања има секое физичко лице над 18 години, сопственик на важечка Mastercard кредитна или дебитна картичка, издадена од која било банка на територијата на Македонија.

Дали сте подготвени за големо фудбалско искуство?

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе