СОНК и Владата се договорија за зголемување на платите од 12 проценти

СОНК и Владата вчера постигнаа договор за зголемување на платите на вработените во училиштата и градинките за 12 отсто.

Конечниот збор за прекин на штрајкот, СОНК ќе го каже вечерва по консултациите со членството и доколку биде позитивен, учениците би требало да се варатат на настава од среда.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, по тричасовни разговори во Владата изјави дека успеале да ги усогласат ставовите во рамки на можностите на државата за зголемување на платите во дејностите детска заштита и образование што би почнало од месец јули со завршување на ребалансот на Буџетот и со обезбедување на потребните средства.

Зголемувањето ќе изнесува 12 проценти на сегашните плати со додатоци предвидени со Колективниот договор. Се разговарало и за изработување колективни договори во дејноста детска заштита, основно и средно образование и решавање на некои отворени прашања како што се патните трошоци и регресот за годишен одмор.

Неделков оцени дека ова е максимумот што во моментов можел да се издејствува.Во текот на утрешниот ден ќе бидат направени консултации со членството и регионалните одбори, кои ќе бидат детално информирани и се надева дека во интерес на учениците, родителите и вработените, како и на државата, штрајкот ќе заврши на општо добро и задоволство на сите. Конечната одлука СОНК ќе ја соопшти утре вечер и ако биде позитивна учениците би се вратиле на настава во среда. Неделков кажа дека во моментов не може да го прогласи штрајкот за прекинат, додавајќи оти жали што траел толку долго и порано не било најдено решение.

Им се извини на сите засегнати во овој процес, особено на учениците и родителите, кои претрпеа загуба со неодење во училиште, но најави дека наставниците по завршување на штрајкот ќе се заложат максимално да се надомести материјалот предвиден до крајот на учебната година. Дополнително ќе се разговара со МОН дали ќе има потреба од продолжување на учебната година или со соодветни скратени програми ќе се надомести загубеното.

Неделков ѝ се заблагодари на Сузан Флокен од Европската конфедерација за синдикати за образование која, како што рече, придонела да се избалансираат ставовите од двете страни.

Министрите за образование и за труд и созијална политика, Јетон Шаќири и Јованка Тренчевска, изјавија дека очекуваат од среда уилиштата и градинките да почнат да функционираат нормално.

Тренчевска рече дека со зголемувањето на платите нема ризик од дополнителна инфлација и загрозување буџетот и најави дека потребните средства ќе бидат обезбедени со ребалансот на државаната каса.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе