Сорос: Трамп сака да стане диктатор, загрижен сум за ЕУ

Американскиот милијардер и активист Џорџ Сорос е загрижен за ЕУ, за кинескиот народ но и за намерите на претседателот на САД, Доналд Трамп.

„Ова е криза на мојот живот. Дури и пред пандемијата сфатив дека сме во чудно време кога и невозможното е возможно, па дури и неопходно“, рече и додаде дека COVID-19 ги промени животите на луѓето и бара поинакво однесување.

Со оглед на тоа дека низ историјата имавме повеќе пандемии, рече дека го изненадува тоа што некои земји биле неподготвени за оваа.

„Дури и кога ќе развиеме вакцина, ќе мора да ја менуваме секоја година бидејќи и вирусот ќе се менува. Тоа го правиме со вакцината за грип секоја година“, вели тој.

Никој не знае како ќе се прилагоди капитализмот на оваа ситуација, смета Сорос.

„Кризата може да ги зближи луѓето на долга стаза. Луѓето се плашат, а поради стравот - луѓето се повредуваат себеси. Тоа што Кина и САД се обвинуваат меѓусебно дополнително ги комплицира работите бидејќи заеднички треба да работиме на климатските промени и да развиеме вакцина“, вели Сорос.

На прашањето за Доналд Трамп, Сорос одговори дека го изненадува неговото однесување.

„Доналд Трамп би сакал да биде диктатор. Но, не може да го направи тоа бидејќи тука е уставот на САД којшто луѓето го почитуваат и тоа ќе го спречи за да направи одредени работи“.

Особено е загрижен за опстанокот на ЕУ бидејќи унијата е некомплетна и „ранлива“.

Ранлива е повеќе отколку САД, не само што е несовршена, туку затоа што е заснована на владеење на законот, заклучува Сорос.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе