колективен имунитет до крајот на летото

Состојбата со COVID-19 се смирува, над 500 илјади вакцини ќе пристигнат месецов

Колективен имунитет до крајот на летото, очекува министерот за здравство Венко Филипче. Тој, како што изјави во вчерашното интервју на Радио Слободна Европа, очекува со сите вакцини што треба да пристигнат во земјава, до крајот на летото да се постигне колективен имунитет. Министерот нагласи дека сите вакцини се безбедни и нема потреба граѓаните да преферираат една наспроти друга вакцина.

– Сега, со пристигнувањето на оваа значајно голема количина вакцини, а очекуваме уште стотина илјади на 15 мај, повторно од производителот Sinopharm и количината од 500 илјади вакцини од производителот Sinovac до крајот на мај, значи една значајно голема количина, која ќе се дистрибуира по овие два канала што ги спомнав, решивме да се стави приоритет на тие што се пријавиле и затоа се направи пресек на 30 април – сите граѓани коишто се пријавени на сајтот vakcinacija.mk, а тоа се невакцинирани близу 160 илјади, во период од две недели, значи некаде до 15 мај, ќе добијат термин за вакцинација преку СМС-порака или мејл, со точно време и пункт каде треба да се јават, рече Филипче.

Посочи дека се става приоритет на тие кои покажале интерес за вакцинација и затоа апелира граѓаните да се пријават на сајтот и да ги има во системот „Мој термин“ за да може понатаму да се креираат тие приоритети.

Министерството за здравство информира дека заклучно со завчера вакцинирани биле вкупно 107.978 граѓани, а на веб-платформата „vakcinacija.mk“ се пријавиле 279.909 лица.

Нагласуваат дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува.

– Во државата вкупно се аплицирани 130.878 дози вакцини, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Со последните бројки околу 30 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, соопштија вчера од Министерството за здравство.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Во последниот период состојбата со COVID-19 се смирува, а тоа го покажуваат бројките на Институтот за јавно здравје. Вчера беа регистрирани нови 135 случаи на заразени со коронавирусот од направени 1.993 тестирања, или 6,7 отсто, 14 починати и 298 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 740.005 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.026, бројката на оздравени пациенти е 137.962, на починати е 5.093, а бројот на активни случаи изнесува 10.971.

Најмногу активни случаи има во Скопје – 5047, Куманово – 877, Битола – 701, Прилеп – 449, Тетово – 447, Охрид – 401. Во другите градови се под 400 активни.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 760 и има околу 915 празни болнички кревети во ковид-центрите. Во болниците низ државата се лекуваат 436 ковид-пациенти, а во главниот град 324.

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, вчера во болницата во Битола беа хоспитализирани 51 пациент позитивен и суспектен на COVID-19, во Штип 52, на инфективното одделение во Тетово има 11 пациенти, во Велес се лекуваат 50 болни, а во Куманово 53 пациенти. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 39, во Гостивар 15, а во Струга 16 болни, во Струмица 40 пациенти, во Кочани 19, во Кичево 9, Кавадарци 25, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во ковид-центрите во Скопје вкупно се лекуваат 324 лица.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 115 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 96 пациенти, додека на Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 8 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на COVID-19. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 5 болни.

Од Министерството за здравство потенцираат дека бројот на приеми во изминативе денови се намалува. Во скопските ковид-центри има 350 слободни места.

МВР во претходното деноноќие регистрира пет прекршувања на забраната за движење и 522 прекршоци за неносење лична заштита на лице.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за да се спречи ширењето на коронавирусот.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе