Совет за безбедност: Безбедносната состојба во земјава е стабилна, има енергенси

Безбедносната состојба во земјава и регионот поврзана со руската агресија врз Украина беше тема на денешната 15. седница на Советот за безбедност, што се одржа во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

На седницата беа осудени воените дејствија кои Русија ги презема над Украина, кои веќе донесоа загуба на човечки животи и материјална штета.

-Членовите на Советот констатираа дека безбедносната состојба во земјата е стабилна. Потребно е надлежните институции да продолжат да ги следат состојбите и да изготвуваат можни сценарија согласно развојот на настаните, со цел навремено дејствување. На седницата беше информирано дека земјава има доволно стокови резерви и енергенси. Надлежните институции беа задолжени секојдневно да ги следат состојбите, за да се интервенира доколку има потреба, информира кабинетот на претседателот.

На седницата беа присутни редовните членови на Советот: претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и членовите именувани од претседателот: Трајан Гоцевски, Ненад Марковиќ и Ветон Љатифи.

На покана на претседателот, на седницата на Советот присуствуваа и директорот на Агенцијата за разузнавање, заменик-директорот на Агенцијата за национална безбедност и началникот на Генералштабот на Армијата. На седницата линковски се вклучија и амбасадорот на Северна Македонија во НАТО и амбасадорот во Киев, кои информираа за најновите случувања во Украина и за преземените активности во рамки на НАТО.

Во однос на македонските граѓани кои се наоѓаат во Украина, државата, како што се наведува, ги презеде неопходните мерки за нивна безбедна евакуација, како и на вработените во нашата амбасада во Киев.

Како НАТО членка, Северна Македонија е во редовна координација со Алијансата и сојузниците во однос на идните активности кои ќе се преземат од страна на сојузниците.

Членовите на Советот беа информирани за активностите кои ги презема Владата, во контекст на пакетот рестриктивни мерки на ЕУ, кон кои се приклучи и Северна Македонија, а кои опфаќаат таргетирани мерки за утврден број лица од политиката и бизнисот кои одиграле улога за настанатата ситуација во Украина. За нив се воведува забрана за патување низ земјите на ЕУ, како и забрана за пристап до финансиските фондови на Унијата.

– Советот за безбедност упатува апел до сите политички чинители за одговорно однесување и воздржување од потпалувачки говор и ширење на дезинформации кои се спротивни на националните интереси на државата, имајќи предвид дека сме членка на НАТО, се наведува во соопштението.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе