Советот на Гази Баба блокиран, советниците на ВМРО-ДПМНЕ се солидаризираат со притворените

Новиот градоначалник на општината Гази Баба денеска информира дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја блокирала работата на Општина Гази Баба.

Борис Георгиевски, градоначалник на општината, вели дека причината за блокадата било солидаризирањето на советниците со притворените учесници и организатори на насилниот упад во Собранието на 27 април. Со оваа постапка тие спречиле донесување нацрт-буџет на Општината.

„Наместо да одберат развој и буџет на Општината, ВМРО-ДПМНЕ избра да постапи по наредба на Никола Груевски. Ова не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да се обиде да ја блокира работата на Советот на Општината. Оваа блокада што денеска ја прават значи опасност да се исплаќаат плати, да се реализираат веќе започнатите активности, кусо кажано, блокада на системот на Општината, која е на директна штета на граѓаните“, вели градоначалникот Герогиевски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ со оваа постапка на блокада го спречувала реализирањето на шест проекти во општината потенцирајќи дека тие се во интерес за подобри услови за живеење на граѓаните.

„Ниту јас ниту граѓаните на Гази Баба не може да бидат заложници на нечии криминални интереси. Ако ВМРО-ДПМНЕ тоне, не дозволувам да нè повлече и нас. Токму затоа во согласност со овластувањата, а сè со цел да не трпат општината и граѓаните во текот на оваа недела заедно со администрацијата во Општина Гази Баба и советниците од советничката група на СДСМ и коалицијата  ќе ги завршиме сите планирани средби со граѓаните, бизнис-секторот и невладините организации за нивните барања. Доколку советниците на ВМРО-ДПМНЕ не се вразумат и продолжат со блокирањето на буџетот, ќе одиме со мерката привремено финансирање на Општината“, додаде градоначалникот Георгиевски.

Тој ѝ порача на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека протестираат на погрешна адреса и, според него, Општината Гази Баба не е кривичен орган и не притвора никого.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе