Спасовски: Приведени 10 лица

Изборниот ден помина мирно, без сериозни нарушувања на текот на гласањето, оцени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција по затварањето на гласачките места.

Тој рече дека проценка на оперативниот штаб е дека изборите поминаа во најдобар ред со неколку помали инциденти – како задоцнето отварање на гласачките места, како и обиди за фотографирање на гласачките ливчиња. Според Спасовски, полицијата поднела 46 пријави по разни основи – за поткуп на гласачи, носење на гласачи, фотографирање на гласачките ливчиња, но и гласање во туѓо име.

За време на денешните локални избори регистриран е и застој, односно 44 случаи на прекини во гласањето на неколку гласачки места, во времетраење од 10 до 15 минути.

Спасовски информираше дека се приведени 10 лица поради фотографирање на гласачките ливчиња и тоа во Скопје, Струмица, Центар Жупа, и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Приведено е и едно лице во Скопје за неовластено снимање.

Како што веќе информираше МВР, во два случаи – едниот на гласачко место во скопско Мирковци и вториот на гласачко место во Кавадарци – се приведени две лица. Во првиот случај лице гласало во име на својата мајка, која е  повикана на разговор во ПО Мирковци, а во Кавадарци лице гласало во име на својата сопруга, при што од ОЈО Кавадарци настанот е квалификуван како кривично дело – “злоупотреба на избирачко право“.

Спасовски додаде дека се расчистени и случаите обид за физичко насилство во Горно Седларце и инцидентот во Бутел.

„На изборниот ден МВР целосно беше ставено во служба на граѓаните, задача на МВР беше да обезбедат услови граѓаните да можат слободно и без притисоци да го остварат своето право на глас“, заклучи Спасовски

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе