Срамен обид на Русите да украдат еден од најдобрите тенкови на Украинците

Тенкот Strv 122 е шведска модификација на германскиот Leopard 2A5 и еден од најдобро заштитените тенкови во целата војна во Украина, поради што е логично Русите да сакаат да „фатат“ еден таков тенк, ако не да го анализираат, барем да го прикажат за пропагандни цели. За малку ќе успееја во тоа, но се вмешале пилоти на украински дронови, пишува Forbes.

Шведска ѝ подари десет од овие тенкови на Украина, а сите десет отидоа во 21-та механизирана бригада на украинската армија, која штити еден од секторите на истокот на земјата, околу шумата Кремина. Во жестоките борби, бригадата претрпе многу напади и загуби најмалку еден Strv 122. Аналитичарите на Oryx велат дека уште шест биле оштетени, а бригадата барем привремено оставила пет од тие оштетени тенкови на патиштата и полињата околу Кремина.

Стандардна практика е украинските инженери да земаат оштетени тенкови и да ги испраќаат во Литванија на (бавни) поправки. Најбрзиот начин Русите да запленат Strv 122 е да го имобилизираат и да го влечат пред Украинците да дојдат до него.

Шанса за тоа добија Русите во една прилика во последните десетина дена. На 10 март, руско беспилотно летало FPV погоди Strv на 122 километри источно од главниот гарнизон на 21-та бригада во Терни. Тенковската екипа успеала да побегне, а оштетениот тенк останал напуштен.

Руските инженери први стигнале до него. Најдоцна во вторникот две возила BREM почнале да го влечат тенкот кон руските позиции на километар и половина оттаму. Тие поминале половина од тоа растојание, но потоа биле забележани од 3-та ударна бригада на Украина, која се бори околу Авдијевка на околу 104 километри на југ, но наводно испратила еден од своите тимови со беспилотни летала да и помогне на 21-та бригада.

Пилотите на беспилотни летала на 3-та ударна бригада најпрво го гаѓале водечкото возило BREM. Два дрона FPV удриле во возилото во близина на моторот, а третиот удрил во друго возило. Четвртото беспилотно летало кружело околу возилата кои останале неподвижни, испитувајќи ја штетата.

URL

Русите не стигнале многу далеку со својата награда: можеби поминале само половина од „ничијата земја“ што ги дели украинските и руските позиции источно од Терни.

Можно е 21-та бригада да сака да го преземе Strv 122. Вреди да се напомене дека беспилотните летала на 3-та бригада ги таргетирале возилата што го влечат тенкот, но се вложиле големи напори да не се погоди самиот тенк. Неуспешниот обид на Русите да го заземат тенкот е јасен показател колку таквите операции можат да бидат опасни. Исто така, важно е да се знае дека самите Украинци го изгубиле своето возило BREM додека се обидувале да го извлечат имобилизираниот тенк Strv 122 во декември.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе