Средба Ердоган-Бајден на маргините на самитот на Г20

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска разговараше со американскиот претседател Џо Бајден, со кого учествуваат на самитот на Г20 на островот Бали во Индонезија.

Во соопштението на Дирекцијата за комуникации на турското претседателство се вели дека на средбата Бајден изјавил дека Турција е важен фактор на патот кон приемот на Шведска во НАТО.

Американскиот претседател го увери Ердоган дека неговата администрација продолжува да ја поддржува испораката на борбени авиони F-16 на Турција.

Двајцата лидери разговараа за широк спектар на прашања кои влијаат на билатералните односи, вклучително и во областа на трговијата и безбедноста. Бајден му се заблагодари на Ердоган за придонесот на Турција за отстранување на проблемите пред договорот за извоз на жито од Украина и обновување на понудата на земјоделски производи. Американскиот претседател изрази сочувство и во врска со терористичкиот напад во центарот на Истанбул во неделата.

Турскиот претседател за време на самитот на Г20 се сретна и со кинескиот претседател Си Ѓинпинг, индискиот премиер Нарендра Моди, францускиот претседател Емануел Макрон, новата италијанска премиерка Џорџа Мелони, претседателот на Обединетите Арапски Емирати Мохамед бин Зајед Ал Нахјан и со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

реклама

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе