Во моментов нема планови за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џозеф Бајден.
Ова им го соопшти на новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Сè уште нема дискусија за можна средба меѓу Путин и Бајден“, рече тој, додавајќи дека „меѓународните средби лице в лице во голема мерка се суспендирани поради епидемиолошката состојба“, пренесува ТАСС.
Според Песков, „потребно е да се создадат услови пред да се разгледаат можностите за ваков состанок“.
„Тие не се во фаза на подготовка, таа работа во моментов не е на дневен ред“, нагласи рускиот официјален претставник.
Џозеф Бајден вчера положи заклетва како 46-ти претседател на Соединетите Американски Држави.
Претседателот Путин одржа три состаноци со неговиот претходник Доналд Трамп, во 2017, 2018 и 2019 година.