Средбата на актерите од филмот „Враќање во иднината“ ги расплака фановите

Ѕвездите од „Враќање во иднината“ (Back to the Future) Мајкл Џеј Фокс и Кристофер Лојд се сретнаа викендов на Comic Con во Њујорк.

Дури и 37 години подоцна, откако беше објавена научно-фантастичната трилогија на режисерот Роберт Земекис, актерите учествуваа на еден од панелите, зборувајќи за нивното пријателство, кариера и снимањето на легендарната филмска сага.

„Најдобриот дел од овој филм беше работата со Крис. Тој е едноставно брилијантен“, изјави емотивниот Мајкл.

Мајкл Џеј Фокс меѓу другото зборуваше и за болеста од која боледува повеќе од 30 години.

Да потсетиме, на 29 години, кога неговата професионална кариера беше на врвот, му беше дијагностицирана Паркинсонова болест. И покрај тешкотиите со одењето и стоењето, актерот на крајот го прегрна својот филмски колега, а публиката тој особено емотивен момент го поздрави со овации.

Видеото од овој трогателен момент расплака многумина.

„Мајкл е толку храбар“, „Не можам да престанам да плачам“, „Толку е тешко да го гледам Марти во оваа состојба“, се дел од коментарите на фановите.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе