Средношколскиот сојуз го продолжи бојкотот и ќе има средби со пратенички групи

Матурантите организирани од Средношколскиот сојуз го продолжија бојкотот што почна со второто полугодие од 21 јануари, со барање да полагаат два наместо четири предмети на државната матура. Првичниот план беше една недела да бојкотираат и потоа да решаваат за идните чекори, но викендов донесоа одлука и натаму да не се вклучуваат во наставата.

Претседателот на Сојузот на средношколците Бленди Ходаи за МИА изјави дека ги продолжуваат состаноците со пратенички групи во Собранието. Откако викендов добија поддршка од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, денеска, рече, ќе имаат состанок со пратеникатата група на СДСМ и претседателката на собраниската Комисија за образование, наука и спорт Жаклина Лазаревска, како и со Левица, Беса и Алијанса за Албанците и Алтернатива, а за утре имаат состанок со ДУИ.

Сојузот од Собранието бара да организира јавна расправа за ова нивно барање и, како што наведе во писмото кое во четвртокот го прати до сите пратеници – „доколку МОН не покаже добра волја, од пратениците Сојузот бара измени на Законот за средно образование со одредби кои ќе бидат привремени, т.е. ќе се однесуваат само за учебната 2020/2021 година“.

Барањето на Сојузот е да се измени концептот за државна матура за оваа генерација матуранти и наместо четири (три екстерни и еден интерен предмет), матурантите да полагаат два предмета – мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик) и втор предмет што ќе биде од областа која матурантот планира да ја студира.

Министерството за образование и наука е категорично дека измени на концептот не може да се прават во од и се можни за наредната учебна година, но им излегува во пресрет со тоа што најави дека ќе бидат скратени програмите и поедноставен материјалот  од периодот кога почна пандемијата.

За Сојузот е спорно и тоа што скратувањето на наставните програми е предвидено само за четири, а не за сите предмети на државната матура.

„Кратењето на програмите е предлог на МОН и ние се согласуваме, но проблемот е што предлогот е само за четири предмети – мајчин јазик, географија, математика и хемија. Тоа беше соопштено на 21 декември“, додаде Ходаи.

МОН не отстапува од актуелниот концепт за државна матура, за која термините за екстерните испити беа соопштени во ноември и ќе се полагаат од 29 мај до 14 јуни 2021.

Министерката Царовска укажува дека МОН има законска обврска да овозможи полагање на државната матура, зашто се  пријавиле над 14 илјади матуранти, дека таа е услов за да продолжат со високо образование и е изборна, а оние што не сакаат да ја полагаат може да изберат училишна матура или стручен испит. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе