Среќен роденден, Пеле
Легендарниот бразилски фудбалер, трикратниот светски шампион Пеле, денеска наполни 80 години. Роден е на 23 октомври 1940 година.
Пеле е единствениот фудбалер во светот кој трипати го има освоено Светското првенство како играч. Тој е исто така најдобар млад фудбалер за СП 1958 и најдобар играч за СП 1970, освојувач на Интерконтинентален куп и Копа Либертадорес, освојувач на Суперкупот на меѓуконтинентални шампиони и десеткратен шампион на сојузната држава Саун Пауло.
Во текот на кариерата, Пеле играше за Сантус и Њујорк Космос, а исто така одигра 92 натпревара и постигна 77 погодоци за репрезентацијата на Бразил.
Вкупно за време на неговата кариера, тој постигна 1.289 голови на 1.363 средби.