ССМ: Долгоочекуваното право недела како неработен ден станува реалност

Сојузот на синдикати е задоволен што Владата го усвои предлог-текстот на законското решение кое треба да овозможи недела да биде неработен ден и побара пратениците што поскро да го донесат со цел овој закон, кој според нив значи поголема заштита на правата на работниците.

– По средбата помеѓу претседателот на ССМ, Дарко Димовски и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, Влада на Република Северна Македонија денеска го усвои предлог текстот на Законот за работните односи во делот на прогласување на недела како ден на неделен одмор за македонските работници. Оваа иницијатива на ССМ се преточува во законско решение изградено по пат на социјален дијалог, а кое ќе значи дека заеднички ја враќаме неделата како ден на неделен одмор, а додека за мал број на работници кои работат во оние дејности кои се во исклучоците се спречуваат злоупотребите од страна на работодавачите со сериозни казни, односно ќе се работи само во оние дејности каде што навистина производниот процес, или пак, потребите на општеството, тоа го бараат како неопходност за што ќе следува надоместок од најмалку 50 отсто и зголемена дневница до 100 проценти зголемување за работниците во моловите, а со колективните договори веќе се уредени и повисоки износи, велат од ССМ.

Оттаму потенцираат дека нивните предлози во најголем дел беа прифатени, но потсетуваат дека како што тоа било случај и до сега, сите промени треба да бидат изградени по пат на социјален дијалог. Апелираат уште еднаш да се размисли за слободниот ден за работниците кои ќе работат во недела да биде денот пред или денот по денот недела односно сабота или понеделник, за да може навремено, работникот кој ќе работи во недела да си го планира слободниот ден и слободното време.

Од ССМ ги повикуваат пратениците да ги имаат во предвид забелешките на ССМ, да ги повикаат да ги образложат и пред нив и што поскоро, и да го донесат законското решение кое ќе значи унапредување и заштита на работничките права.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе