ССМ: Трудот на работниците во ЕУ се цени, за разлика од земјава, продолжува генералниот штрајк

Доколку Владата смета дека го започнала процесот за пристапни преговори со ЕУ, ѝ укажуваме дека нејзините вработени и пред почетокот на процесот и по почетокот на процесот се еднакво сиромашни, примаат најниски плати во ЕУ и дека Владата не може да очекува дека вработените во управата кои треба да го сработат процесот, се мотивирани со просечна плата од 21.300 денари, а на 96% од нив, платата да им е под просечната плата со која Владата толку се фали.

Ова се наведува во денешното сооштение од Сојуз на синдикатите на Македонија и се подвлекува дека од 22.06.2022 година повеќе од 138.000 работници се на генерален штрајк во јавниот сектор, кој до денеска 22.07.2022 година трае 30 дена и истиот прв пат ѝ се случува на една Влада поради тоа што истата, стои во соопштението, не ги исполнува ветувањата и ги манипулира работниците во јавниот сектор, соопштија денеска од Сојуз на синдикатите на Македонија.

Во Македонија, генерален штрајк на цел сектор кој трае еден месец не се случил, а досега сите предходни Влади имале разбирање за потребите на работниците освен оваа Влада која смета дека работниците за кои таа е надлежна не заслужуваат зголемени плати во оваа пост ковид, енергетска и економска криза.

– Трудот на работниците во ЕУ се цени, во Македонија не. Игнорантскиот однос на Владата продолжува, но и Генералниот штрајк на работниците продолжува, порачуваат од ССМ.

Во услови кога минималната плата порасна за 18,6% кога трошоците за живот (инфлацијата ) изнесуваат високи 14,5% според официјални податоци, а според неофицијалните податоци и над 20%, кога синдикалната минимална кошничка за преживување на едно четиричлено семејно домаќинство за една година се зголемила за 5.498 денари, или 16%, потенцираат од ССМ, Владата смета дека не треба да ги усогласи платите на работниците во јавниот сектор за 2.806 денари и со тоа на солидарен принцип да им излезе во пресрет на работниците барем малку да ги амортизираат зголемените трошоци кои ги осиромашуваат и ги оневозможуваат да го преживеат месецот.

Според ССМ, оваа Влада за прв пат во историјата со нејзиниот однос ги остава вработените во јавниот сектор сами да се снаоѓаат и да се справуваат со последиците од ценовните шокови, а сега одново им ветува дека доколку преживеат до нова година ќе им биде подобро од јануари.

– Дискриминацијата која Владата ја прави кон своите вработени е негативен пример и не е јасно по кои критериуми Владата цени вработени во одреден сектор повеќе од други, по кои критериуми утврдува дека за некои битни сектори без кои во пандемијата не можеше и беа најмногу изложени како здравство на кои не се предвидени ниту 5% кои им беа ветувани дека ќе ги добијат од септември, полиција со 5%, обрзование 15%, а за останатите вработени во јавен сектор 0% зголемување на плата, се подвлекува во соопштението.

Од ССМ ја потсетуваат Владата дека, како што стои во соопштението, со својот однос покажува дека не ги цени, ги дискриминира и не води грижа за своите вработени кои се огорчени од таквиот однос, додека претставниците на локалната власт (градоначалници и директори на јавни претпријатија) веќе ги зголемуваат платите за што работниците им се благодарни.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе