Стагнација на Волстрит, инфлацијата демне

Вчера на Волстрит, индексот S&P 500 остана главно непроменет бидејќи инвеститорите останаа внимателни, имајќи предвид дека ФЕД може дополнително да ги зголеми каматните стапки и да ги задржи на покачени нивоа подолг период од очекуваното.

Dow Jones загуби 0,22 отсто, на 33.433 поени, додека S&P 500 порасна за 0,01 отсто, на 4.288 поени, а индексот Nasdaq 0,67 отсто, на 13.307 поени.

Најголемата светска берза веќе десет дена е претпазлива, откако челниците на американската централна банка изјавија дека каматните стапки би можеле дополнително да се зголемат до крајот на годината и дека тие би можеле да останат на покачени нивоа подолго од очекуваното.

Економскиот раст забавува, со слабеење на инфлаторните притисоци, но инфлацијата останува далеку од целното ниво на ФЕД од 2 отсто.

Вчера, гувернерката на ФЕД, Мишел Бауман, рече дека е подготвена да поддржи уште едно зголемување на каматните стапки доколку претстојните податоци покажат дека инфлацијата се намалува премногу бавно.

„Септември заврши со многу неизвесност на пазарот. Така започна овој месец и сите се прашуваат што ќе направи ФЕД. Покрај тоа, на пазарот ќе му треба потврда дека заработката на компанијата расте“, вели Квинси Крозби, стратег во LPL Financial.

Кон крајот на месецов започнува сезоната за објавување на квартални деловни резултати. Аналитичарите анкетирани од Ројтерс проценуваат дека приходите на компаниите од индексот S&P 500 се зголемиле за 1,6 отсто во третиот квартал во однос на истиот период лани, додека во вториот квартал се намалени за 2,8 отсто.

И на европските берзи вчера паднаа цените на акциите. Лондонски FTSE индексот ослабе за 1,28 отсто, на 7.510 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,91 отсто, на 15.247 поени, а париски CAC 0,94 отсто, на 7.068 поени.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Бизнис

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе