Стефанова: Осомничените во „Империја“ скоро секогаш дознавале што презема СЈО против нив

Осомничените во предметот „Империја”, скоро секогаш успевале да дознаат што СЈО презема против нив. Надлежната обвинителка за овој предмет Лиле Стефанова, која моментално сведочи во предметот „Рекет”, рече дека истражителите и објасниле дека при претресите извршени кај осомничениот Јордан Камчев, тие подготвени ги пречекале.

– При претресот во 6 часот утрото Јордан Камчев ги пречекал облечен во тренерки. Таму било и лицето Зоран Милески – Кичеец. Слична ситуација истражителите кажале дека имало и во просториите на Орка Холдинг. Канцелариите биле средени и урдни. Таму ги пречекале Михајло и Филимена Маневска, рече Стефанова.

Таа додаде дека со обвинетата Катица Јанева, имало негодување при нејзиното барање да се прифатат поблаги мерки за Јордан Камчев, Сашо Мијалков и другите притворени лица во случајот „Империја”.

Обвинетата Катица Јанева, односно поранешната шефица на СЈО, на 16 април 2019 од специјалните обвинителите Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, барала да изготват решенија за случаите „Империја” и „Поштенска Банка”, за да се плати штета и да се затворат предметите.

– Со силен глас ми се обрати, ти Лиле да му ја вратиш патната исправа на Јордан Камчев. Така ние почнавме со Бурим да ги изготвиме извештаите за наведените предмети, но со затворски казни, истакна Стефанова, која додаде дека се противела на ваквиот незаконски начин на затворење на предметите. Во своето сведочење Стефанова, кажа дека не го познава обвинетиот Бојан Јовановски, но дека го има видено во просториите на СЈО.

Стефанова посочи дека судијката Добрила Кацарска, преку колега на обвинителката Лиле Стефанова, вршела притисок да не се одреди мерката притвор на осомничениот Јордан Камчев, за предметот „Империја“ и додаде дека имало притисок и од политичари.

– Точно е дека судијата Добрила Кацарска, беше цел ден и ноќ во судот кога се одлучуваше за притворот на Камчев, рече Стефанова, во прашање на одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски.

Сведокот Стефанова, во оваа прилика зборуваше и за Жарко Луковски, поранешниот директор на Телеком, кој почина минатата година. Според Стефанова, лицето Луковски, бил сведок во случајот „Империја”, а не осомничен. -Тој имаше сознанија за работата на фирмите Ексиско и Финзи, за предметот „Империја”, а осомничен беше во предметот „Базни Станици”.

Судењето за “Рекет”, продолжуваа по неколку одложувања.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Македонија

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Read more

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Read more

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Read more

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе