Страшни поплави во Италија: Луѓето стојат на покриви, има загинати

Најмалку три лица загинаа, а илјадници се евакуирани од своите домови во разорните поплави во северниот италијански регион Емилија-Ромања, соопштија властите, а се стравува дека ќе има уште пострашни ситуации.

„Врнежите не престануваат, ќе продолжат и следните неколку часа“, изјави Тити Постиљоне, заменик-шеф на штабот за цивилна заштита, за новинскиот канал SkyTG24.

„Се соочуваме со многу, многу комплицирана ситуација“, додаде тој.

Претставниците на Емилија-Ромања соопштија дека три тела се пронајдени во градовите Форли, Чезена и Чезенатико, додека три лица се водат како исчезнати.

Четиринаесет реки се излеаја од коритата во регионот. Жителите во градовите, вклучително и Чезена, мораа да се качат на покривите на зградите од кои пожарникарите ги спасуваа со хеликоптери или гумени чамци.

„Не приоѓајте до реките. Оние кои живеат во области блиску до водотеците треба да одат на повисоките катови“, објави регионалниот шеф Стефано Боначини на Facebook.

URL
Блокирани патишта

Блокирани се бројни патишта и железнички линии, а градоначалниците на неколку градови, вклучително и Болоња, ги повикаа жителите да не ги напуштаат своите домови.

Силно погоден е и северниот град Равена, блиску до јадранскиот брег.

„Ова е веројатно најлошата ноќ во историјата на Ромања“, изјави градоначалникот на Равена, Микеле Де Паскале за јавното радио RAI. Само од Равена во текот на ноќта се евакуирани 5.000 луѓе, рече тој.

„Равена е непрепознатлива поради оштетувањата“, додаде тој.

URL

Италијанската премиерка Џорџа Мелони напиша на Twitter дека владата е подготвена да пружи помош. Емилија-Ромања по втор пат овој месец беше погодена од лошо време. Најмалку две лица загинаа во невремето на почетокот на мај.

Поројните дождови следеа по неколкумесечна суша што ја намали способноста на земјата да апсорбира вода и го зголеми разорното влијание на поплавите, велат метеоролозите.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Свет

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Read more

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Read more

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more
 

Вести

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Читај повеќе

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Читај повеќе

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Читај повеќе

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Читај повеќе

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе