Судир меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана: Летаат факели и молотови коктели

На протестот организиран во Тирана од опозициските партии со барање за смена на градоначалникот, демонстрантите се судрија со полицијата пред Градското собрание на албанскиот главен град, јавуваат локалните медиуми.

Демонстрантите фрлаа факели и молотови коктели во правец на зградата на општина Тирана, јавува Радио Слободна Европа на албански јазик.

Насобраните бараат разрешување на градоначалникот на Тирана, Ерион Вељијај и го обвинуваат за корупција.

Remote video URL

Ова е втор протест организиран пред општинската зграда во последните неколку дена, кој уследи по приведувањето на повеќе директори и поранешни директори на градски фирми осомничени за корупција, перење пари и нарушување на рамноправноста на тендерите.

Опозицијата тврди дека Вељијај е вмешан во коруптивни дела кои ги истражува Специјалното обвинителство.

Remote video URL

Вељијај, пак, изјави дека „не се чувствува добро“ поради апсењето на неговите соработници, но нагласи дека обвиненијата мора да се докажат на суд.

Тој додаде дека не го прекршил законот.

Тагови
реклама

Регион

Мапа го покажува неуспехот на Србија во лобирањето против Резолуцијата за Сребреница

Read more

Земјотрес рано утринава ја погоди Грција

Read more

Вучиќ: Вечерва ставив крај на кариерата

Read more

Радев: Позитивен знак е желбата на претседателката за средба, очекуваме промена на реториката и крај на јазикот на омраза

Read more
 

Вести

Продолжениот викенд ги наполни граничните премини

Читај повеќе

Reuters: Путин е подготвен да ја запре војната во Украина

Читај повеќе

Мапа го покажува неуспехот на Србија во лобирањето против Резолуцијата за Сребреница

Читај повеќе

Силјановска Давкова упати честитка по повод Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј

Читај повеќе

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Читај повеќе

24 мај, Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Читај повеќе

Орбан тврди дека Европа се подготвува за пресметка со Русија

Читај повеќе

Земјотрес рано утринава ја погоди Грција

Читај повеќе

Како Косово ќе го реши проблемот на Данска со преполните затвори?

Читај повеќе