Судот определи 30-дневен притвор за Камчев

Судија по претходна постапка попладнево по три часовен распит определи 30 дневна мерка притвор за бизнисменот Јордан Камчев.

Утрово тој беше приведен, а според неговиот адвокат Тони Менкиновски бил лишен од слобода поради кривично дело изборна измама, за подоцна Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да побара притвор поради информацијата од Агенцијата за национална безбедност дека Камчев се подготвувал за бегство.

Менкиновски посочи дека не им биле презентирани документите од АНБ.

– Сакам да напоменам дека судијата не ни го даде решението, туку дојде записничарката, рече Менкиновски, кој во врска со другите мерки вели дека самиот судија бил контадикторен бидејќи со денешното решение требал да ги укине другите мерки и да ја напише само мерката притвор.

Како што рече Менкиновски, Камчев следната недела требал да сведочи во случајот „Меѓународен сојуз“ против сопругот на пратеничката Фросина Ременски, Јовче Ременски, за кого кажа дека е вработен во АНБ, од каде потекнува белешката за можно бегство на Камчев. Следното рочиште за случајот Меѓународен сојуз е закажано за 18 март.

На забелешката на новинарите дека притворот нема да го спречи Камчев не се појави на рочиштето, Менкиновски упати дека сега неговиот клиент нема да биде на досегашната адреса, поради што можел да дојде до одолговлекување на судењето за „Меѓународен сојуз“.

Во врска со неофицијалните информации дека се подготвувал за бегство во Бугарија, со партнерка и дека имал контакт со претставник на бугарската тајна полиција, Менкиновски рече дека обвинителството треба да докаже дека тоа е така.

-Немате никаков евидентен доказ дека Камчев ќе ја напушти Македонија, напротив инвестира во одделенија има нови вработувања, нови доктори, деловни потфати во Македонија за јавно здравје, за здравјето на сите луѓе, истакна адвокатот.

Камчев, како што посочи Менкиновски, веќе е упатен кон КПУ Затвор – Скопје.

Обвинителката Лиле Стефановска, која го води случајот „Плацеви на Водно“, за кој претходно медиумите известуваа дека е поврзан со барањето мерка притвор за Камчев, го напушти Кривичниот суд од задниот влез без да даде изјава пред новинарите.

 

Камчев изутрината во 8:30 беше приведен во Полициската станица Карпош.  По приведувањето беше упатен во Кривичниот суд во Скопје, на распит пред судија по претходна постапка.

Орце Камчев е еден од осомничените во случајот „Империја“, но и во случајот „Плацеви на Водно“ за кој обвинителката Вилма Рускосва во изјава за МИА информираше дека истрагата е при крај. Во „Плацеви за Водно“ првоосомничен е поранешниот премиер Никола Груевски, за кого истрагата покажала дека со пари на партијата си купил плацеви во вредност од 1,3 милиони евра. 

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе