Сведок на „Рекет“: Телевизијата мора од нешто да живее, велеше Јовановски

Судењето за случајот „Рекет“ ќе продолжи на 3 јануари 2020, со сослушување сведоци, меѓу кои и заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Елизабета Јосифовска, откако на денешното рочиште сведочеше Христијан Баневски, кој работел како новинар во 1ТВ на Бојан Јовановски – Боки 13.

Баневски одговарајќи на прашања од обвинителката Вилма Рускоска, образложи како функционирала телевизијата и како добивале насоки за најава на одредени теми и вести.

– Требаше да прочитам најава дека ќе испратиме мостри на анализа на сите флаширани води на пазарот. Неколку пати за време на рекламите Бојан Јовановски инсистираше неколку пати да го повторам тоа, за после неколку месеци спонзор на телевизијата да биде Пелистерка и кај мене на маса да се најде шише вода Пелистерка, изјави Баневски.

Потоа, добив барање од Јовановски да правам сторија за една месна индустрија од Велес. Кога го побарав газдата на фирмата Агрија, рече сведокот, тој ми се развика, а по некој месец самиот нè бараше и прими на разговор, а јас дознав дека во меѓувреме се сретнал со Бојан, изјави Баневски.

– Ми рече па „вие не сте новинари, туку работите како рекетари”. Од тоа јас бев навреден и потоа побарав образложение од Бојан и го прашав дали го рекетирате овој човек, на што ми одговори, дека оваа телевизија треба да живее од нешто. Јас реков дека не сакам да работам повеќе на такви приказни и ќе си заминам, изјави Баневски.

Посочи дека потоа бил на некој начин дистанциран и повеќе не добивал такви задачи се до затворањето на телевизијата.

На прашање од Боки 13, дали како новинар во 1ТВ имал целосна слобода во правењето вести, на што сведокот рече да, освен во тие неколку случаи што ги посочив.

Боки 13 го праша сведокот дали тој имал работна задача да се грижи за маркетингот на телевизијата, сведокот рече не.

– На почетокот имавме апсолутна слобода, па и понатаму имавме слобода. Поради тоа и ме изненади начинот за случаите што ги кажав. Ме изненади и тоа како беше третирана темата со враќање на пасошот на Камчев. Бев суспендиран на еден месец, бидејќи објавив три работи за кои Бојан пред емисија ми рече дека не смеам да ги објавам, рече сведокот.

Втора сведочеше хонорарно вработена во домот на Јовановски, која одговараше на прашања од обвинителката за тоа како било уредено и кој доаѓал на гости.

– Имаше многу угледни гости. Во домот имаше повеќе слики од една галерија, но не беа платени, туку така оставени зошто доаѓаа повеќе познати личности, па повеќе има можност да се продаде некоја слика, рече сведокот.

Прашана кој се има видено во домот на Боки 13, сведокот рече доаѓале повеќе познати личности.

– Имаат доаѓано Шекеринска, еднаш Орце Камчев, повеќе пати Зоки Милески, биле и Стефан Богоев, Кирацовски, Лила Филиповска, Сергеј, Анита Кочишки и други, рече сведокот.

Прашана што е „чест гостин“, кога вели за Зоки Милески, сведокот рече дека тој доаѓал и по двапати на ден и слободно влегувал без да тропне.

Одбраната ја праша дали бил и министерот Венко Филипче, на што сведокот одговори потврдно, додавајќи дека дошол заедно со Камчев.

Случајот го води судијката Васка Николовска Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милески за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Македонија

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Read more

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Read more

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Read more

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе