Сведокот во „Труст” призна дека имал различни потписи на фактурите

Сведокот во „Труст“ призна дека имал различни потписи на фактурите на денешното рочиште во кривичниот суд, каде што продолжи судењето за бизнисменот и сопственик на ТВ „Нова“, Сеад Кочан, за Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, тројцата обвинети за нелегално добиен тендер од 17 милиони евра за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“.

„Имам 3 потписи кои не се исти. Фактурите се мои, а за потписите е така-така“, рече сведокот повикан од СЈО, кој имаше дилеми за потписите на фактурите. Тој говореше дека ги менувал потписите и различно се потпишувал на фактурите за купопродажен договор.

„Господинот Кочан ме информира дека не може да го реализираат договорот бидејќи нема доволно пари. Потоа му се бендиса една градежна машина и за да не му наплаќам провизија, отиде лично во Холандија за од таму да купи булдожер. Тоа го направив поради пријателството на татко ми со татко му“, тврди сведокот.

Кочан го прашуваше директно сведокот дали вонгабаритните машини се регистрираат во МВР. Сведокот, кој е сопственик на фирмата „Фичо-сервис“, потврди дека тие машини не се регистрираат во МВР. Според сведокот, биле купени само две машини со договорот меѓу „Трансмет“ и „Фичо-сервис“ од 2009 година.

СЈО почна да го испрашува првиот сведок сопственик на фирма која продава градежни машини кога претходно судот ги одби барањата на адвокатите на Кочан и другите обвинети дел од доказите да бидат издвоени поради нечитливост и бидејќи не биле преведени на македонски.

Кочан, Авировиќ и Ватиќ, како и претставниците на претпријатијата „Трансмет“, „Силекс неметали“ и „Вато“, на минатото рочиште се изјаснија дека не се виновни. Обвинителот Гаврил Бубевски рече дека ќе докажат оти со невистинити документи во случајот биле погазени принципите на здравата конкуренција и дека биле изиграни правилата на јавните набавки. Обвинителот Артан Ајро им ги предаде на одбраната сите докази за случајот, освен незаконски прислушуваните разговори, кои ги има само судот. Судијката Лидија Трајковска-Зимбовска закажа уште две рочишта до крајот на ноември и 4 термини за судење во декември.

реклама

Македонија

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more
 

Вести

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе