На судењето на Амбер Херд, која е обвинета од бившиот сопруг Џони Деп за клевета, во корист на актерот сведочеше форензички психолог. Шенон Кири ја изнесе нејзината дијагноза за Амбер Херд и пред судот изјави дека актерката има две нарушувања на личноста.
Психологот тврди дека до овие дијагнози дошла во текот на 12 часа разговор со Амбер, како и по преглед на нејзините наоди за менталното здравје. Таа тврди дека Херд воопшто не страда од посттрауматско стресно нарушување поради врската со Деп.
Двете нарушувања на личноста се слични, тврди психологот. Гранично нарушување на личноста е болест за нестабилност, поттикната од темелен страв од напуштање, хистрионското нарушување е поврзана со „драма и плиткост“ и потребата да се биде во центарот на внимание.
Вели дека постои корелација во нарушувањата со луѓе кои се физички привлечни и „го користат својот изглед за да привлечат внимание“.
Пред судот сведочеа неколку соработници и членови на семејството на Џони Деп, кои изјавија дека Амер вербално го малтретирала сопругот. Слично изјави и Тара Робертс која 15 години управувала со имотот на приватниот остров на актерот.
Робертс сведочеше дека Херд го повредила сопругот со лименка во текот на една караница во 2015 година.
„Му зборуваше дека е пропаднат актер, дека ќе умре како дебел осамен старец. Тогаш го слушнав Џони како рече дека го удрила со лименка“, изјави Робертс во текот на судењето.
Во сведочењето, Џони Деп призна дека тој и Херд имале тешки расправии, но децидно изјави дека никогаш во животот не удрил жена.