Резултати од истрагата

СЗО: Вирусот најверојатно е пренесен од животни, не е од лабораторија

Б.С.Б.
/ 30.03.2021 / 09:27

Меѓународната експертска мисија во Вухан заклучи дека најверојатно вирусот SARS-CoV-2 преминал од лилјаци на луѓе преку некое друго животно. Скоро целосно е исклучена можноста дека вирусот „избегал“ од некоја лабораторија, пренесе CNN.

Коронавирусот веројатно е пренесен од животни на луѓе, а почнал да се шири не повеќе од месец или два пред тоа да биде забележано во декември, 2019 година. Најмала е веројатноста дека потекнува од лабораторија.

Ова е заклучокот на заедничкиот меѓународен тим на Светската здравствена организација во нацрт извештајот за истрагата на потеклото на коронавирусот, а чии заклучоци ги објави CNN. Извештајот денеска треба да биде официјално претставен.

Според него, можни се четири извори, а најверојатното сценарио е дека вирусот е пренесен преку посредство на диво животно кое било заробено и потоа одгледувано на фарма. Меѓутоа, истрагата не откри кое е тоа животно заразено од лилјак, кој се смета за најверојатен извор на вирусот.

Таканаречениот можен среден домаќин на коронавирусот и понатаму е непознат, се наведува во текстот.

Следната веројатност е директен пренос од животни за кои е познато дека носат сличен коронавирус, како лилјак или панголин. Извештајот наведува дека е можен, но не и веројатен, пренос од смрзната храна, а најмалку е веројатно дека вирусот потекнува од лабораторија.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе