Тајланд: Може да одгледуваш марихуана легално, но не смееш да ја пушиш на улица

Жителите на Тајланд сега можат да одгледуваат растенија канабис дома и да ги продаваат, откако државата ја отстрани марихуаната од списокот на забранети наркотици.

Тајланд е и првата земја што го направи тоа во Југоисточна Азија, регион познат по строгите закони за дрога, пишува BBC. Но, употребата на марихуана за рекреативни цели е сè уште забранета. Владата се надева дека развојот на локалната трговија со канабис ќе ги поттикне земјоделството и туризмот. За да ги поттикне граѓаните да одгледуваат канабис, владата донира дури милион садници.

„Тоа е можност за луѓето и државата да генерираат приход од марихуана и коноп“, рече Анутин Чарнвиракул, вицепремиер и министер за здравство.

Клиниките низ целата земја, исто така, може послободно да понудат канабис како третман. Тајланд беше првиот во Азија што ја легализираше употребата на медицински канабис во 2018 година. Официјалните лица ги предупредија луѓето да не пушат марихуана во јавност и рекоа дека тоа се смета за кривично дело и дека прекршителите ризикуваат апсење.

Владата вели дека планот за легализација има за цел да ослободи околу 4.000 затвореници осудени за прекршоци поврзани со канабис. Во тајландскиот парламент во моментов се расправа за поширок нацрт-закон за контрола на канабисот. Поддржувачите на законот веруваат дека правилата за регулирање на употребата на канабис би можело да се релаксираат во наредните години.

реклама

Свет

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Read more

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Read more

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Read more

Афера го тресе Пентагон, се бара оставка од Хегсет

Read more
 

Вести

Мицкоски: Историското наследство на Македонија е обврска, а не украс или сентимент

Читај повеќе

Маж од Неготино присилил скопјанка на полови дејствија, ја снимал и ѝ барал пари за да не го објави видеото

Читај повеќе

Тошковски доби опомена од Безбеден град – возел со 1 км/ч над дозволената брзина

Читај повеќе

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Читај повеќе

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Читај повеќе

Денеска дожд, од утре сонце

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Читај повеќе

Што сè заплени Царината изминатава недела?

Читај повеќе