Такер Карлсон го интервјуираше Путин: Американците имаат право да ја знаат и другата страна на војната

Макфакс/Кајгана
/ 07.02.2024 / 13:41

Американскиот новинар Такер Карлсон во вторникот го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин, изјави прес-секретарот на рускиот лидер, Дмитриј Песков.

„Да, можам да го потврдам тоа“, рече Песков во средата, на прашањето на новинарите дали интервјуто на Карлсон со Путин навистина се случило претходниот ден.

Запрашан да зборува за впечатоците на претседателот од разговорот, Песков рече дека самите новинари ќе имаат можност да го оценат кога ќе излезе интервјуто.

„Како што е подготвено, ќе биде објавено, а потоа ќе имате можност да формирате свои впечатоци“, рече Песков.

Рускиот претседател Владимир Путин се согласил на интервју со американскиот конзервативен ТВ водител Такер Карлсон, бидејќи, како што тврди Кремљ, неговиот пристап е различен од едностраното покривање на традиционалните западни медиуми.

Самиот Карлсон на Х објави видео од Москва во кое зборува за причините зошто го направил интервјуто со Путин. Како што вели, „не затоа што го сакаме Путин, туку затоа што Американците имаат право да ја знаат целата слика за војната“.

URL

Такер вели дека Американците за војната во Украина добиваат само одбрани вести, што не е новинарство, туку владина пропаганда. Тој му се заблагодари и на Илон Маск, кој му дал гаранција дека интервјуто нема да биде блокирано на неговата социјална мрежа Х, односно поранешен Twitter.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека западните медиуми веќе не се ни обидуваат да бидат непристрасни во известувањето за Русија и затоа нема желба Москва повеќе да комуницира со нив.

„Што се однесува до земјите од колективниот Запад, главните медиумски мрежи, ТВ канали и големите весници не можат да се пофалат дури и дека се обидуваат да бидат непристрасни во нивното известување“, рече Песков.

„Сите тоа се медиумски куќи кои заземаат крајно еднострана позиција. Се разбира, немаме желба да комуницираме со такви медиуми, а нема ни смисла затоа што тешко дека ќе биде корисно“.

На директно прашање зошто Путин се согласил да разговара со Карлсон, Песков одговори дека ставот на Американецот не се согласува со голем дел од западните медиуми.

„Неговиот став е различен од другите. Тој во никој случај не е проруски, ниту проукраински – туку проамерикански, но барем е во спротивност со ставовите на традиционалните англосаксонски медиуми“, рече Песков.

Интервјуто најверојатно ќе биде објавено утре, пишува руската новинска агенција ТАСС.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе