„Темпираната бомба“ во ОХИС подготвена за транспорт

Извршено е безбедно преточување во нова цистерна на винилхлорид мономерот кој што се наоѓа во кругот на поранешниот индустриски комплекс ОХИС и следува фаза на транспортирање во Германија, најавува Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), согласно информациите добиени од компанијата „Екоцентар 97“ ДООЕЛ, Скопје, и извршените вонредни инспекциски надзори на Државниот инспекторат за животна средина.

– Активноста ја реализираше компанијата „CURIUM“ од Франција, која има долгогодишно искуство и е специјализирана во преточување на ваков вид опасен отпад. Во периодот на реализација на активноста беа  запазени сите безбедносни прописи. Следува фаза на транспортирање за што се обезбедени сите потребни документи, а се очекуваат точните датуми на транзит на цистерната со опасен отпад низ од државите до конечната дестинација- Германија, стои во денешното соопштение од МЖСПП.

Според ресорното Министерство, до 2 март годинава се реализирани три од вкупно пет планирани извози на опасен отпад спакуван во соодветна амбалажа за меѓународен транспорт. Досега се извезени 55 од 80 тони опасен отпад кој веќе е пристигнат и предаден во Валорек Сервисис АГ Базел, инсенератор во Швајцарија каде што на безбеден начин ќе се уништи. Останатите количини на хемиските супстанции, наведуваат од Министерството, се безбедно спакувани во соодветна амбалажа и се очекува во текот на наредните две недели успешно да се транспортираат и извезат од земјата.

– По завршувањето и на последната активност за преточување и соодветно пакување на винилхлорид мономер, како и негов извоз во Германија, во компанијата „SUEZ“ (Sonderabfallgesellschaft mbH, Schkopau, Germany), која поседува дозвола за горење опасен отпад, ќе бидат реализирани сите активности предвидени со проектот „Безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД ОХИС Скопје”, спроведуван од компанијата Екоцентар 97 ДООЕЛ, Скопје, соопшти МЖСПП.

Состојбата на спорната цистерна, која корисниците на социјалните мрежи ја нарекоа „темпирана бомба“, се актуелизираше во почетокот на август годинава по смртоносната експлозија во Бејрут предизвикана од несоодветно складиран и чуван амониум нитрат.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе