Тензично на Косово: Албанците ги спречија Србите да одат на празникот во црква

На Косово утринава расте напнатоста откако локални Албанци во местото Мушутиште со протест спречија група косовски Срби да присуствуваат на процесијата во локалната православна црква на големиот празник Успение на Пресвета Богородица, а медиумите јавуваат за судири меѓу демонстрантите и косовската полиција.

Извикувајќи го акронимот на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК – УЧК), Албанците ги спречиле Србите повратници кои со три автобуса тргнале на одбележувањето на празникот во инаку урнатата од Албанците православна црква „Богородица Одигитрија“ од XVIII во Мушутиште.

Косовската полиција, како што јавуваат белградските медиуми, од безбедносни причини ги запрела автобусите и започнала да ги спроведува демонстрантите кои извикуваат пароли против враќањето на прогонетите и раселени Срби од поранешната српска јужна покраина Косово и Метохија.

Учесниците на протестот од утрото повеќепати го пробиле полицискиот кордон, а во текот на судирите повредени се повеќе демонстранти и полицајци опремени за разбивање демонстрации. Според извештаите од Косово, демонстрантите го деблокирале преминот, но се распоредиле крај патот, подготвувајќи купишта камења со кои ја гаѓаат полицијата.

Министерот за заедници и враќање во косовската влада Далибор Јефтиќ најави неодамна обновување на првите десет куќи за Србите повратници во Мушутиште кои во 1999 година по српско-албанските судири и бомбардирање на НАТО врз Србија беа принудени да ги напуштат своите домови.

Јефтиќ, кој е заедно со групата Срби блокирани пред Мушутиште, вели дека со протестот и насилството „им е испратена пораката на Србите дека не се добредојдени“ на своите имоти.

Директорот на Бирото за Косово и Метохија во владата на Србија, Марко Ѓуриќ, оцени дека „денешниот излив на екстремизам и нескриена омраза кон српскиот народ во Мушутиште сведочи колку безбедносната ситуација на Косово и Метохија е запалива“.

Ѓуриќ, како што пренесе Радио-телевизија Србија, изјавил дека „многубројни припадници на албанската политичка елите се најгласните идеолози на омразата и екстремизмот на Косово“.

Припадниците на специјалната косовска полицијата, по судирот од утрото со демонстрантите, ослободиле дел од патот и преминот кон црквата „Богородица Одигитрија“, каде треба да мине колоната со Србите, но според последните информации од теренот, ситуацијата и натаму е тензична.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Регион

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Read more

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Read more

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе