Термоелектраните во Битола и Осломеј со 40% зголемено производство

РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“ произведоа приближно 40% повеќе електрична енергија во првите седум месеци од годинава во споредба со истиот период лани. Од јануари до јули годинава термоелектраните произведоа 1.559 гигават часови електрична енергија, а во истиот период лани 1.914, информираа денеска од АД „Електрани на Северна Македонија“.

Според нив, зголеменото производство се должи на зголемениот ископ на јаглен во сопствените рудници, набавката на јаглен за дополнително производство и подготвеноста и техничкото одржување на блоковите.

Во истиот период, наведуваат од ЕСМ, постигнато е да се намали потрошувачката на вода, односно производството на електрична енергија од хидроелектраните е намалено за 25% и нивото на акумулациите се држи на оптимална кота, со цел заштеда на хидропотенцијалот за следниот период, кога во текот на грејната сезона се очекува пораст на побарувачката и на потрошувачката на електрична енергија.

АД ЕСМ во сопштението ги поздравува владините мерки и препораки за штедење на електрична енергија, и смета дека тие ќе придонесат да се намали притисокот врз производните капацитети и да се растовари електро-енергетскиот систем во услови на високи цени на енергенсите и отежнато снабдување на пазарот со енергенси.

Владата вчера донесе мерките што треба да овозможат заштеда на струја до 15%, а ќе стапат во сила од 1 септември. За домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија. 

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Македонија

Променливо време со температури до 26°C

Read more

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Read more

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Read more
 

Вести

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Читај повеќе

Доларот зајакна во однос на повеќето други валути

Читај повеќе

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе