Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден и неговата потпретседателка Камала Харис се одбрани за личности на годината според магазинот Time, пренесе CNN.
И двајцата влегоа во историјата на 7 ноември кога го победија Доналд Трамп на претседателските избори.
Харис тој ден стана првата Афроамериканка и првата личност со азиско потекло која ќе биде потпретседателка на САД.
„Поради тоа што ја променија приказната за Америка, понудија визија на исцелување во жалостен свет и бидејќи покажаа дека емпатијата е посилна од поделбата – Џо Бајден и Камала Харис се личности на годината според Time“, напиша Едвард Фелсентал, главниот уредник на магазинот.