Toyota го претстави електричниот bZ4X
Целосно новата Toyota bZ4X ја доживеа светската премиера. Ова е првиот модел во новата серија на електрични возила, а името е кратенка од Beyond Zero – стратегија на Toyota да има нулта емисија на гасови.
Се очекува дека батеријата дури и по 10 години возење ќе дејствува со 90% од своите изворни перформанси. Со целосно наполнета батерија може да се поминат 450 километри. bZ4X ќе биде претставен на 2 декември непосредно пред отворање на услугите за онлајн резервации за луѓето кои сакаат да го имаат овој модел.
bZ4X со погон на предните тркала е со електричен мотор кој развива 204 КС и 265 Nm максимален вртежен момент. Од 0 до 100 км/ч забрзува за 8,4 секнди и достигнува брзина од 160 км/час.
Погледнете ја галеријата.