Трагедија во семејството на голманот на Ливерпул, се удави татко му

Голманот на Ливерпул доживеа тешок удар откако од родниот Бразил стигна веста за смртта на татко му.

Утринава бразилскиот клуб Интернасуинал, каде порано бранеше Алисон, ја објави веста за смртта на 57-годишниот Жузе Агусчињу Бекер, татко на голманот на Ливерпул.

Тој бил пријавен за исчезнат, а полицијата го пронашла во езеро блиску до неговиот дом по петчасовна потрага. Бил заминат на пливање, по што не се вратил дома. Најверојатно се удавил пливајќи, што дополнително треба да биде потврдено со аутопсија.

„Со голема жалост ја примивме веста за смртта на Жузе Агусчињу Бекер, татко на нашите поранешни голмани Алисон и Муриел. Народниот клуб им дава поддршка на фамилијата и пријателите во овие тешки мигови“, објави клубот, чиј прекар е У Клуби ду Пову, односно Народен клуб.

URL

Роден во Нову Амбургу, Алисон кариерата ја почна во Интернасиунал од Порту Алегре од каде во 2016 дојде на Стариот континент во редовите на Рома. Во Ливерпул е од 2018 година.

Како што еднаш сам откри, станал голман тргнувајќи по стапките на татко му кој не бил професионален фудбалер, но кога играл фудбал бил голман.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе