Трајанов: ДС нема да ја поддржи реконструкцијата на Владата и нема да биде дел од мнозинството

Врз основа на целокупната анализа на денешните седници на Претседателството и на Централниот совет на Деморкатскиот сојуз, партијата одлучи да не ја поддржи реконструкцијата на Владата и нема да биде дел од парламентарното мнозинство, изјави вечерва претседател на ДС, Павле Трајанов.

Но, како што нагласи тој на прес-конференцијата во седиштето на партијата, ДС и натаму ќе ги поддржува и ќе иницира проекти кои значат имплементација на европските стандарди. Трајанов истакна дека се цврсто определени за влез на земјата во Европската Унија.

- Заклучивме дека нашите програмски цели дефинирани низ нашите партиски органи и тела кои беа усогласени со СДСМ пред изборите, не се имплементирани. Прво, имавме договор Македонија да биде една изборна единица, во оваа насока беше подготвен закон за Македонија да биде една изборна единица, помина на комисиите, но е блокиран бидејќи претседателот на Собранието Талат Џафери не ја закажува седницата на која треба да се расправа околу овие законски промени, потенцира Трајанов.

Тој додаде дека не се имплементираат ниту програмските цели на ДС за реформи во правосудниот систем, како и за борбата против корупцијата.

ВМРО-ДПМНЕ: Ја поздравуваме одлуката на ДС да излезе од Владата, ги охрабруваме другите партии да го следат примерот

Ја поздравуваме одлуката на Демократскиот сојуз да излезе од владата и ги охрабруваме другите партии да го следат таквиот пример и да не се соучесници во неспособниот систем кој ја распаѓа државата.

ВМРО-ДПМНЕ: Ја поздравуваме одлуката на ДС да излезе од Владата

Со Ахмети и слугата Ковачевски нема иднина. Сите бегаат од бродот кој тоне. Прво беше Алтернатива, а сега Демократскиот сојуз, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ја поздравуваме одлуката на Демократскиот сојуз да излезе од владата и ги охрабруваме другите партии да го следат таквиот пример и да не се соучесници во неспособниот систем кој ја распаѓа државата.

 Таквата одлука е потврда дека на рати се распаѓа владината коалиција, за да на крај се заокружи и остане само "Пазар 3" коалицијата составена само од партиите обединети за тендери и криминал.

 Таквиот пакет групно ќе биде убедливо поразен на избори.

 Ако власта се одржува со тендери и криминал, на избори народот не се купува со криминал и тендери и тие ќе бидат поразени.“

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе