Трајанов: Нема да гласам за влада што го нарушува основниот принцип на правична застапеност

Нема да гласам за влада ако го нарушува основниот принцип на соодветна и правична застапеност во органите на власт, изјави синоќа лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов.

Тој, во „Тема на денот“ на Сител телевизија, кажа дека ќе почека прво да види како ќе биде компонирана владата. Доколку ДУИ, Алијанса за Албанците и Алтернатива се сложат да поделат места во Владата, во тој случај, Трајанов вели дека ќе поддржи таква влада, но, како што рече, „ако се нарушуваат основните принципи, овој преседан може да направи опасни поделби во државата“.

Прашан зошто е против проширувањето на владиниот кабинет со АА, Трајанов рече дека со проширување на бројот на министерски места кои ќе припаднат на албанската етничка заедница во голема мера ќе се нарушат внатрешните етнички односи.

– Треба да направиме сѐ да не се наруши етничкиот баланс во владата и органите на власта. Изјавите на АА дека се вклучуваат во овој фронт за европската перспектива, во суштина, ако се „за“ Европа и ЕУ, ако ги поддржуваат процесите апсолутно нема потреба да условуваат со влез во владата. Треба да ја поддржат Владата во евроинтеграциските процеси и тоа би било фер, рече Трајанов.

Прашан дали разговарал со ВМРО-ДПМНЕ околу одредена можна соработка за креирање ново мнозинство во Собранието, Трајанов рече дека не разговарал со никој од партијата и оти нема намера да преговара со ниту една политичка партија надвор од јавната сцена.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе