Трамп: Бајден може да нѐ вовлече во трета светска војна

Макфакс
/ 05.02.2024 / 10:14

Кандидатот за претседателска номинација на Републиканската партија, Доналд Трамп, изјави дека Соединетите Американски Држави нема да преживеат доколку Џозеф Бајден повторно стане претседател на таа земја, додавајќи дека до ноември Бајден „би можел да ја одведе земјата во трета светска војна“.

„Нашата земја е во хаос. Нашите граници се отворени и несигурни. Девет месеци се долг период. Има големи шанси во тој период да се случи третата светска војна бидејќи имаме некој кој не си ја врши работата како што треба“, изјави Трамп во интервју за Fox News.

Тој додаде дека Бајден е „неспособен и најлошиот претседател во историјата на САД“.

„Сите го знаат тоа“, рече Трамп.

Коментирајќи го фактот дека Бајден неодамна ја доби поддршката од синдикатот на работниците во автомобилската индустрија (UAW), Трамп рече дека, нема да има повеќе работници во автомобилската индустрија во САД, туку дека „сето тоа ќе оди во Кина и други земји“.

Тој посочи дека доколку повторно стане претседател, ќе воведе царини за увезената стока од Кина, додавајќи дека тие би можеле да изнесуваат повеќе од 60%.

„Мораме да го направиме тоа“, рече Трамп.

Поранешниот американски претседател предупреди и на развојот на вештачката интелигенција, велејќи дека е „страшно“.

„Пред некој ден видов како направија лажна снимка од мене како зборувам за некој производ. Не можете ни да ја разликувате. Мора да се направи нешто во врска со тоа и тоа брзо“, рече Трамп.

Предупреди и дека технологијата за вештачка интелигенција може да се злоупотреби на различни начини, вклучително и за војни, додавајќи дека напредокот во развојот на технологијата е „огромен проблем“.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе