Трамп и Путин: Мистериозни средби или приватни муабети?

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин разговарале за време на лидерската вечера на самитот Г20 во Хамбург, за што досега немаше официјални информации, рече денеска претставник на Белата куќа.

Претходниот состанок на Трамп и Путин остана неразјаснет, а и по вториот Белата куќа не откри детали за тоа што разговарале двајцата лидери.

Информациите за вториот разговор ги објави Ијан Бремер, претседател на евроазиската консултантска група за политички ризици.

Првиот билатерален состанок се одржа на 7 јули, а Трамп подоцна рече дека Путин во тој разговор ги отфрлил тврдењата дека Москва се мешала во предизборната кампања во САД пред претседателските избори минатата година.

Американската разузнавачка служба верува дека Русија му помогнала на Трамп на претседателските избори минатата година, тврдења што Русија ги негира, а Трамп исто така.

Во вечерните часови и двајцата присуствуваа на вечерата за лидерите на Г20, а Путин седеше до американската прва дама Меланија Трамп. Американскиот претседател по вечерата му пријде на Путин, а информациите за тој разговор не беа објавени.

„Тоа не беше ‘вториот состанок на Трамп и Путин’, туку краток приватен муабет на крајот на вечерата. Инсинуациите дека Белата куќа се обидела ‘да го скрие вториот состанок’ се лажни, злонамерни и апсурдни“, рече изворот од Белата куќа.

Бремер рече дека Трамп во текот на вечерата му пришол на Путин и двајцата разговарале околу еден час „приватно и енергично“. Со нив бил и личниот преведувач на Путин.

Бремер рече дека отсуството на преведувачот на Трамп привлекло внимание кај останатите лидери бидејќи тоа било „кршење на националниот безбедносен протокол“.

Официјалниот претставник на Белата куќа рече дека лидерите и нивните сопружници на вечерата имале само по еден преведувач. Трамп седел покрај сопругата на јапонскиот премиер Шинзо Абе, а преведувачот на американскиот лидер зборувал јапонски.

„Кога Трамп разговараше со Путин двајцата лидери го користеа рускиот преведувач бидејќи американскиот не зборуваше руски“, додаде тој.

реклама

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Најдоброто природно ѓубриво: Пробајте наводнување со квасец

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе