Трамп: Имам природен инстинкт за наука, чичко ми беше професор

Пред неколку недели Интервладиниот панел за климатски промени на ОН објави прилично потресен извештај. Според заклучоците од истражувањето на групата, човештвото има околу една деценија да преземе „брзи, далекусежни и неодложни промени во сите аспекти на општеството“ или во спротивно ќе се соочи со глобални, катастрофални климатски промени.

Светот, нормално, се помести од оска од ваквите информации, луѓето пишуваа статуси на Facebook за неизбежниот крај на светот, се јавија сите интернет експерти за „судниот ден“, но само на еден човек се чини не му се помести влакно на главата: американскиот претседател Доналд Трамп.

Во - сега веќе фамозното - интервју во емисијата „60 Minutes“ со новинарката Лесли Стал, тој рече дека заклучоците на научниците се базирани на „многу политизирана агенда“ и тука застана со објаснувањето.

Но завчера Трамп даде подлабоко објаснување за тоа зошто мисли дека климатските промени не се толку важно прашање – бидејќи неговиот „природен инстинкт“ му вели така.

„Има научници што ги поткрепуваат тезите и на двете страни од дебатата за климатските промени“, рече Трамп во интервју за Associated Press.

„Чичко ми беше одличен професор на MIT, доктор Џон Трамп. Не сум разговарал со него на оваа конкретна тема, но имам природен инстинкт за наука и ви велам дека има научници и на двете страни од темата.“

Ова би имало совршена смисла ако знаењето од областа на науката се пренесуваше генетски и ако науката се темелеше на тоа да им веруваш на инстинктите и да викаш „добро е“. Ама не е така. И не е добро.

Извештајот на ОН го составија 91 научник од 40 земји, откако анализираа 6.000 научни студии и упорното одбивање на заклучоците на светска група експерти, не само што е глупаво, туку е и опасно.

Трамп не застана таму. Тој за себе рече дека е „вистински еколог“, но дека дури и да се согласи со фактите за климатските промени, тој дискурс оди „напред-назад, напред-назад“, така што не треба многу да се потресуваме.

Сево ова е базирано на „природниот инстинкт“ на Трамп, што според претседателот на САД е порелевантен од мислењето на светски научници на ОН.

Спијте мирно, инстинктот никогаш не го изневерил Трамп. Плус, чичко му бил професор.

реклама

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе