Трамп: Ми ја крадат изборната победа, ова се лажни избори

Американскиот претседател и претседателски кандидат на републиканците, Доналд Трамп, ѝ се обрати на јавноста од Белата куќа и рече дека е ограбен и дека се работи за лажни избори.

– Ако ги преброите легалните гласови, јас лесно победувам. Ако ги преброите незаконските гласови, губам. Многу ливчиња пристигнаа по затворањето на избирачките места, со задоцнување. Измамен сум, нагласи Трамп во обраќањето.

Тој рече дека ја предвиделе победата на Бајден во многу земји, но било обратно.

– Го задржавме Сенатот, што е одлично во тешките сојузни држави. Направивме одлична работа. Стотици милиони долари беа против нас. На национално ниво, нашите противници беа донатори од Волстрит, а нашите донатори беа мали луѓе, рече Трамп.

Тој додаде дека повеќе жени од Републиканската партија биле избрани во Конгресот од кога било досега.

– Јас освоив голем, најголем број гласови во историјата, Хиспаноамериканци, Афроамериканци и американски староседелци. Ова се лажни избори, морам да кажам. Победивме во многу држави, а потоа, за чудо, работите започнаа да се вртат во корист на Бајден. Но, предвидов дека гласањето по пошта ќе биде измама, рече Трамп.

Тој рече дека пресметале точно колку гласови им требаат, а потоа ги испратиле по пошта.

– Неверојатно е како сите гласачки ливчиња испратени по пошта придонесоа само за едната страна. Да не зборуваме за прекинување на пребројувањето на гласовите. Луѓето ми испраќаа пораки, никогаш не сум видел таква љубов, таква поддршка од граѓаните, но противниците сакаат да украдат избори, а ние не смееме да им дозволиме, рече Трамп.

Трамп додаде дека нема поштенски марки, печати или што било што друго на поштенските коверти.

– Гласањето по пошта се претвори во катастрофа, но како што реков, не е изненадување. Не смееме да дозволиме ова да ѝ се случи на нашата држава. Да не спомнувам дека тие блокираа избирачки места, тие не ни дозволија да присуствуваме на многу места… Сакаме транспарентност, правда, не тајни состаноци и криење. Нашата земја ќе победи, ќе победиме на изборите. Очекувам долг процес на патот кон правдата, но сме трпеливи, заклучи Трамп.

Remote video URL
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе