Tрамп нема да учествува на инаугурацијата на Бајден

МИА/КАЈГАНА
/ 08.01.2021 / 20:22

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска на Twitter соопшти дека нема да учествува на инаугурацијата на новоизбраниот претседатал Џо Бајден.

Трамп со ова ја нарушува воспоставената традиција во политичката историја на САД, претседателот во заминување да се ракува и разговара со новоизбраниот претседател, како конечен чин на примопредавањето на власта.

-До сите оние кои прашуваат, нема да одам на Инаугурацијата на 20 јануари, напиша Трамп. Ова е трета негова Twitter порака откако завчера социјалната мрежа го блокираше неговиот профил на 12 часа.

URL

Трамп нема да биде првиот претседател кој избегнал да се појави на инаугурацијата на следбеникот. Претходно тоа го сториле претседателите Џон Адамс, Џон Квинси Адамс и Ендрју Џонсон. 

Иако победата на Бајден беше утврдена од страна на американскиот изборен колеџ во декември, Трамп тврдеше дека постои наводна кражба на гласови и изборна измама, и не ги признавa резултатитe. Изборите се оддржаа на 3 ноември 2020 година.

Тој ги разгоре радикалните елементи во земјата со употреба на говор на омраза и напади кон традиционалните медиуми. Некои од најжестоките поддржувачи на Трамп, поврзани со радикални десничарски елементи и привразници на теории на заговор, после протестниот митинг кој се оддржа во средата, извршија упад во американскиот Конгрес.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе