Трамп позираше со пиштол: Сакам да купам еден

Макфакс/Кајгана
/ 26.09.2023 / 08:45

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп позираше со пиштол со изгравирано негово лице на рачката за време на обиколката на продавница за оружје во Јужна Каролина.

Портпаролот на Трамп, Стивен Чунг, објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како поранешниот претседател се восхитува на полуавтоматски пиштол.

„Морам да купам еден. Сакам да купам“, вели Трамп во видеото, пренесува CNBC.

Неговиот тим вчера ги отфрли шпекулациите дека Трамп купил Глок за време на посетата на Јужна Каролина. Доналд Трамп, кандидатот за републиканска претседателска номинација, годинава е обвинет во четири одделни кривични случаи.

URL

Федералниот закон им забранува на обвинетите да купуваат пиштоли. Сепак, судија во Тексас го прогласи законот за неуставен минатиот септември. Во таа пресуда, судијата ја наведе одлуката на Врховниот суд која ги укина ограничувањата за оружје во Њујорк претходно истата година, доведувајќи ги во прашање големиот број закони за контрола на оружјето.

Десетици илјади луѓе во САД умираат секоја година во инциденти поврзани со оружје. Повредите од огнено оружје се водечка причина за смрт кај децата и адолесцентите, според Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Имаше вкупно 48.830 смртни случаи поврзани со огнено оружје во 2021 година. Тоа според центарот е најголемиот број на смртни случаи од огнено оружје досега во САД.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе
  • play_arrow

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Читај повеќе

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Читај повеќе

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Читај повеќе