Трамп си ги зел писмата од Ким Џонг Ун на заминување од Белата куќа

Кога си заминуваше од Белата куќа, Доналд Трамп со себе зел писма од Барак Обама и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, па Националниот архив мораше да оди по нив во Флорида.

На крајот на мандатот, американските претседатели мора да ги предадат сите свои електронски пораки, писма и други работни документи до Националниот архив, кој е задолжен за нивно чување.

Но, напуштајќи го Вашингтон, републиканскиот милијардер одлучи да однесе неколку картонски кутии во неговата резиденција во Мар-а-Лаго, Флорида, соопшти денеска Националниот архив.

„Ми напиша прекрасни писма, тоа се одлични писма“

Кутиите, според The Washington Post, содржеле подароци од странски лидери, писмо оставено од неговиот претходник Барак Обама и неколку писма од севернокорејскиот лидер.

Доналд Трамп, првиот американски претседател кој се сретна со член на семејството Ким за време на неговиот мандат, одржуваше добро позната кореспонденција со севернокорејскиот лидер.

„Ми напиша прекрасни писма, тоа се одлични писма. Се заљубивме еден во друг“, им рече американскиот претседател на своите приврзаници во септември 2018 година.

Враќање на 15 кутии со документи

Во средината на јануари, Националниот архив „организираше враќање на 15 кутии со претседателски документи“ од резиденцијата на Трамп на Флорида во Вашингтон, се вели во соопштението на Архивот.

„Овие документи Белата куќа требаше да ги предаде во Архивот на крајот од администрацијата на Трамп, во јануари 2021 година“, се вели понатаму.

Но, некои документи уште не се доставени. Минатата недела Архивот откри дека поранешниот претседател сакал да кине дел од неговите работни документи, што исто така е во спротивност со законот од 1978 година.

Некои листови хартија предадени на Архивот „архиварите на Белата куќа ги лепеле со селотејп“, се додава. Останатите биле предадени такви какви што биле.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе